УПАТСТВО ЗА УПЛАТА НА КОТИЗАЦИЈА

Доколку не сте член на Мудл Македонија, MMS-Србија ни HrOpen-Хрватска, а сакате да учествувате на 8-иот MoodleMoot потребно е да уплатите котизација на организаторот домаќин на конференцијата, кој оваа година е  Мудл Македонија. (Обратете внимание и за зачленување во Мудл МакедонијаMMS или во HrOpen, што е многу поповолно, а носи и други придобивки).

Котизацијата изнесува 25 евра за учество на работилницата која ќе се одржи на 01.06.2018. За учество на конференцијата, која ќе се одржи на 02.06.2018, котизацијата е исто така 25 евра, а постои и пакет "работилница+конференција за 40 евра. Додатна погодност е пратење на дводневната програма онлајн. За дводневно онлајн учество на котизацијата е 15 евра. Секој учесник ќе добие сертификат за учество на работилницата и/или конференцијата.

Уплата за учество треба да се изврши до 17 Мај 2018, и со тоа да се потврди учеството на конференцијата. Учесниците од другите држави, кои не се членови на MMS или HrOpen, може да не контактираат, за тоа како да ја извршат уплатата на котизацијата.

Уплатата се врши на следната жиро сметка:

број на жиро сметка: 270070278770172

Депонент на: Халкбанк АД Скопје

цел на дознака: 8th WeB & 1st Macedonian Moodle Moot - котизација

примач: Мудл Македонија, ул. Кичево, бр.5, Битола

Последна промена: Thursday, March 29 2018, 12:54 PM