Прва МУДЛ училница во РМ

Прва моодле училница во РМ е основана на 20.03.2015 год. во рамките на СОЕУ Јане Сандански во Битола, со одобрение на МОН И БРО на РМ. 

Таа е дел од истражувањето на докторски студии на м-р Николче Шулевски, проф. по германски јазик во СОЕУ Јане Сандански Битола. 

Истражувањето опфаќа 100% ИКТ во наставата со помош на платформата моодле, во кое се вклучени околу 450 ученици од I и II година, во наставата по германски јазик. 

Наставата се изведува на оперативниот систем Linux и на најновата верзија на моодле 2.85, со помошната програма iTalc.

Проектот започна во учебната 2014/2015 год и ќе трае до јуни 2016 год. 

Последна промена: четврток, 19 ноември 2020, 21:43