Основано е здружението МУДЛ Македонија
На ден 17.01.2015 год беше формирано првото МУДЛ здружение во Mакедонија.
Цели на здружението:
- Воведување и промоција на платформата МУДЛ и други платформи за е-учење во основното, средното и високото образование во РМ,
- преведување на платформата на македонски јазик и поддршка за образовните институции во РМ,
- Организирање на семинари и обуки за работа со МУДЛ во образованието во РМ,
- Усовршување, развивање, прилагодување и истражување на МУДЛ во образованието во РМ,
- Организација и учество на регионални, државни и меѓународни МУДЛ конференции,
- Изготвување на прирачник за работа со МУДЛ,
- учество на проекти на национална и интернационална основа на платформата МУДЛ,
- соработка со образовни институции од земјата и странство, кои работат на иста или слична проблематика, односно МУДЛ, е-учење, ИКТ во наставата и сл.
- Соработка со правни и физички лица, образовни институции, јавни установи, амбасади, фондации, меѓународни организации и др.
- Издавање на печатени и електронски изданија од областа на образованието, педагогијата на деца во информатичкото образование,
- Здружување на ентузијасти и професионалци,
- следење на национални и интернационални препораки,
- помош во брза дистрибуција и примена на нови сознанија,
- одржување на јазични пакети за МУДЛ,
- инсталација, надградба и администрација на МУДЛ платформа,
- развој на специјализирани технолошки програми,
- Организирање на обуки прилагодени за потребите за различните корисници на моодле и тоа: Автентифициран корисник, Учесник, Тренер со едитирање, Тренер без едитирање, Составувач на курс, Менаџер и Администратор.
- Промовирање на МУДЛ платформата кај бизнис секторот, презентации, воведување, прилагодување, поддршка и надградба на истата.
- Основање на моодле партнер организација во РМ.
Social networks