ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ
Воведување и промоција на платформата МУДЛ и други платформи за е-учење во основното, средното и високото образование во РМ,
преведување на платформата на македонски јазик и поддршка за образовните институцииво РМ,
Организирање на семинари и обуки за работа со МУДЛ во образованието во РМ,
Усовршување, развивање, прилагодување и истражување на МУДЛ во образованието во РМ,
Организација и учество на регионални, државни и меѓународни МУДЛ конференции,
Изготвување на прирачник за работа со МУДЛ,
учество на проекти на национална и интернационална основа на платформата МУДЛ,
соработка со образовни институции од земјата и странство, кои работат на иста или слична проблематика, односно МУДЛ, е-учење, ИКТ во наставата и сл.
Соработка со правни и физички лица, образовни институции, јавни установи, амбасади, фондации, меѓународни организации и др.
Издавање на печатени и електронски изданија од областа на образованието, педагогијата на деца во информатичкото образование,
Здружување на ентузијасти и професионалци,
следење на национални и интернационални препораки,
помош во брза дистрибуција и примена на нови сознанија,
одржување на јазични пакети за МУДЛ,
инсталација, надградба и администрација на МУДЛ платформа,
развој на специјализирани технолошки програми,
Организирање на обуки прилагодени за потребите за различните корисници на МУДЛ и тоа: Автентифициран корисник, Учесник, Тренер со едитирање, Тренер без едитирање, Составувач на курс, Менаџер и Администратор.
Промовирање на МУДЛ платформата кај бизнис секторот, презентации, воведување, прилагодување, поддршка и надградба на истата.
Основање на МУДЛ партнер организација во РМ.
Social networks